
Touchbiance Floor/Wall e револуционерен начин на рекламирање кој ги соединува корисниците со светот на адвертајзингот во еден заеднички интерактивен систем.
Им дозволува на посетителите да контролираат слика или анимација со помош на нивните движења, при што е овозможена real time интеракција на под и ѕид.
Што е Touchbiance?
Како работи?
Каде може да се користи?
Уникатни предности на Touchbiance
Партнерство
Што е Touchbiance?
Touchbiance претставува интерактивно искуство за корисникот кој со своите движења контролира слики и анимации.
Системот ги детектира движењата на телото и овозможува соодветна интеракција со прикажаната анимација во реално време.
Сликите можат да се проектираат на ѕид, под, таван или друга површина на растојание од само неколку метри, а се анимираат со едноствано движење врз или пред проектираната површина.

Анимираните ефекти предизвикани од движење можат да бидат креирани на статичка слика или дводимензионални или тридимензионални слики, вклучувајќи фотографии, цртежи, логоа или друг вид на графички дизајн. Практично не постојат ограничувања во аудио-визуелните ефекти коишто можат да бидат креирани. горе...
Како работи?
Touchbiance, Windows базиран софтвер, е јадрото на системот.
Има интегрирани TCP/IP функционалности.
Чита слики со 19200 точки површина на осетливост за движење.
Процесира до 30 податоци во секунда кои како повратна информација ги пренесува во анимацијата.
Резолуцијата на сликата 1024х768 и вклучува HD стандарди. горе...
Каде може да се користи?
- Продажни салони, Саеми, Галерии, Трговски центри, Кина, Театри,...
- Клубови, Ресторани, Хотели, Казина,...
- Кореографии за видео арт, танцови, мултимедијални перформанси,...
- Системи за забава... горе...
Уникатни предности на Touchbiance
ОСТАВА СИЛЕН ВПЕЧАТОК - Активностите и движењата од проектираните анимации се импресивни и привлекуваат внимание.
МОБИЛНОСТ - Опремата е мобилна, одлична за проекти или кампањи со чести промени на локации.
Овозможува зголемување на целната група и го забрзува процесот на враќање на инвестицијата.
ЕФИКАСНОСТ - Нашата опрема користи малку енергија, потребна е мала екипа за ракување и зафаќа мал простор.
ПОГОЛЕМ БРОЈ НА РЕКЛАМИ ИСТОВРЕМЕНО - Нема ограничување во бројот на реклами кои може да ги користите во еден систем.
РЕКЛАМИРАЈТЕ СЕ ТАМУ КАДЕ ШТО ДРУГИТЕ НЕ МОЖАТ! горе...
Партнерство
Доколку сте заинтересирани да бидете наш партнер контактирајте не на kontakt@ictcreative.com.mk горе...
|